Кошаркарите на Партизан никако не може да добијат ниту една драматична завршница во Евролигата. Овој пат во нова драма, „црно-белите“ загубија со 74-71 на гостувањето против Париз на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс кој мечот го заврши со 13 поени и осум асистенции.
Крајно интересен натпревар во Париз во кој домашните ја добија првата четвртина со 21-16. Но, во продолжението максимално израмнето доаѓајќи до крајно неизвесна завршница во која Партизан на 30 секунди пред крајот дојде до водство од 70-71.
Но, македонскиот репрезентативец Ти-џеј Шортс на 22 секунди до финишот изнуди прекршок и од две слободни фрлања донесе предност за Париз од 72-71.
И во последниот напад Ниликина на две секунди пред крајот имаше отворен шут за три поени, но не успеа да реализира, а по брз прекршок на гостите на крај Париз славеше со 74-71.
Кај Партизан најефикасен беше Карлик Џоунс со 20 поени и 11 асистенции.
На тој начин дебитантот во Евролигата, Париз дојде и до петтата победа на стартот од сезоната, а Партизан има очаен старт во Евролигата со само две победи и шест порази.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА