Македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов продолжува со одличните игри со полската Јагелонија во Конференциската лига на УЕФА.
И во 3. коло од третата по квалитетет европска клупска лига Јагелонија ја запиша и третата победа, овој пат на домашен терен славејќи убедливо со 3-0 против норвешки Молде.
Пулулу, и два гола на Хансен ја донесоа победа на Полјаците, на натпреварот на кој Дарко Чурлинов одигра од 85. минута од средбата.
Челси, пак, славеше убедлива победа од 8-0 против ерменска Ноа, тимот кој во квалификациите на ова натпреварување ја елиминираше тетовска Шкендија.
Кипарски АПОЕЛ славеше против Фиорентина со 2-1.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА