Навивачите на Макаби Тел Авив синоќа беа нападнати во Амстердам по завршувањето на натпреварот со Ајакс во Лигата на Европа, при што повеќе од десеттина се повредени а двајца се исчезнати, информираат израелските медиуми.
Израелците биле нападнати од пропалестински напаѓачи кои повредиле повеќе од десет лица, поради што израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху нареди испраќање на спасувачки авиони за израелските граѓани во Холандија.
Напаѓачи извикувале „Слободна Палестина“ напаѓајќи ги Израелците, при што засега се водат двајца како исчезнати, соопшти Министерство за надворешни работи на Израел.
Dozens of Arrests have been made so far by Police in Amsterdam, with at least 25 Jewish Soccers Fans said to have been Injured. However, Dutch Authorities have stated that claims made on Social Media of Kidnappings are False, though several Phones have been Stolen. pic.twitter.com/gAxgngl0Ts
— OSINTdefender (@sentdefender) November 8, 2024
Министерството за национална безбедност на Израел, исто така, ги повика своите граѓани во холандскиот град да останат во хотелските соби по нападот.
Локалната полиција соопшти дека 57 лица биле приведени по натпреварот додека пропалестинските демонстранти се обидувале да стигнат до стадионот Јохан Кројф, и покрај тоа што градот им забранил да протестираат таму.
Jewish Fans of Maccabi Tel Aviv F.C. were leaving a Soccer Match tonight in Amsterdam, when they were Attacked and Beaten by Crowds of Arabs that were waiting outside the Stadium. At least 12 Injuries are being reported, including several deemed to be Serious; with Jews said to… pic.twitter.com/ORD0EBxgEc
— OSINTdefender (@sentdefender) November 8, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА