Ѓоковиќ соопшти дека во јануари се враќа на терените

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ информираше дека се враќа на терените во јануари, непосредно пред Австралија опен.

По повлекувањето од Мастерсот во Париз, Ѓоковиќ информира дека ќе игра во првата недела од новата сезона, но не одлучил каде точно.

„Тенисот ми е секако се уште во фокусот. Сега одиме на нови подготовки, само ми требаше малку да се освежам по оваа година. Ги знаете целите. Моја цел и понатака се грандслемовите, а сакам да играм и во Дејвис купот“ – вели Ѓоковиќ.

Се вчитува...