Зинедин Зидан и Чаби Алонсо постојано се истакнуваат како најсериозни кандидати за нов тренер, после секој пораз на „кралевите“ оваа сезона.
Но, поддршката од клубот, и од Флорентино Перез, и натаму ја има Италијанецот Карло Анчелоти. А, причина за тоа се капитените на клубот Модриќ и Карвахал кои се одлучија да дадат максимална поддршка на Анчелоти, истакнувајќи пред клубот дека тој е најдобра опција и дека во моментов не е потребно да се менува.
Пораката од соблекувалната беше јасен знак и за Перез да ја продолжи соработката со трофејниот стратег кој, во секој случај, наредниот период ќе мора да бара излез од кризата.
На Анчелоти, секако, не му оди во прилог и големиот број повредени играчи, но Италијанецот вели дека се ќе си дојде на свое место.
Реал утре игра натпревар со Осасуна. Ќе биде тоа одлична можност „кралевите“ да се извадат за лошите резултати последниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА