„Врие“ во Мадрид, Мбапе „удри“ по Анчелоти

Реал Мадрид за само неколку дена доживеа два дебакли. Најпрвин во домашното првенство беа понижени од најлутиот ривал Барселона на „Сантијаго Бернабеу“ (0:4), а на истото избраниците на Карло Анчелоти беа поразени и од Милан во Лигата на шампионите (1:3). Се чини дека по овие два порази се појавија искри во соблекувалната на Реал Мадрид и дека има несогласување меѓу Килијан Мбапе и Карло Анчелоти.

Мбапе не пружа блескави партии и се шпекулира дека воопшто не е задоволен од тактиката која ја користи славниот италијански тренер Карло Анчелоти. Францускиот репрезентативец, кој сезонава постигна осум гола во сите натпреварувања, смета дека треба да игра крило, а не како централен напаѓач.

Анчелоти, најуспешниот тренер во историјата на Лигата на шампионите, кој пет пати го подигна пехарот, не го гледа францускиот фудбалер на истото место во тимот за кој настапуваше во ПСЖ. Со овој тим Мбапе беше неприкосновен во домашното првенство, но недостасуваше трофејот во најпрестижното европско натпреварување.

<

/p>

Се вчитува...