Мурињо ја напушта Турција и се враќа во Премиерлигата?

Во последно време португалскиот тренер Жозе Мурињо е многу бесен на ситуацијата во турскиот фудбал, само неколку месеци откако се одлучи да го преземе кормилото на Фенербахче.

Тој потпиша договор со турскиот гигант со кој ќе заработува 10,5 милиони евра по сезона. Меѓутоа сега се шпекулира дека би можел да го прекине договорот, и да се врати во Премиерлигата.

Наводно за неговите услуги бил заинтересиран Њукасл. Па ова е одлична можност за „Специјалниот“ да преземе уште еден клуб од Англија, после Челси, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.

Пред неколку недели се шпекулираше дека би можел да го презеде Евертон, но до договор не дојде.

Се вчитува...