Ван Нистелрој пред заминувањето: Сонувам еден ден да бидам менаџер на Манчестер Јунајтед

Тренерот на Манчестер Јунајтед во заминување, Руд ван Нистелрој денеска кажа дека сонува еден ден да биде на клупата на „Црвените ѓаволи“, но како трајно решение.

Холанѓанецот го замени Ерик тен Хаг на клупата, но го доби статусот в.д., и сега заминува од клупата, откако од понеделник дена доаѓа Рубен Аморим од Спортинг Лисабон.

„Секако дека сакам да бидам еден ден тренер на Манчестер Јунајтед. Имам јасни цели да бидам менаџер. Потпишав двегодишен догворо како асистент, и натаму сум со истата цел“, рече Ван Нистелрој по вчерашниот меч против ПАОК во Лигата на Европа.

Се вчитува...