Продолжуваат препукувањате на релација КК Пелистер – КК Кожув по нивниот натпревар одигран во Првата лига. Вчера со соопштение излегоа битолчани кои го нападнаа раководството на гевегелискиот тим, а денеска тимот од Гевгелија возврати исто така со соопштение.
Во продолжение ви го пренесуваме целото соопштение на КК Кожув:
„БИТОЛСКИ СРАМ НА КОШАРКАТА ВО РЕЖИЈА НА МАРЈАН ИЛИЕВСКИ
На ден 02.11.2024 во Битола се одигра натпревар во рамките на првата македонска кошаркарска лига помеѓу КК Пелистер и КК Кожув.Натпреварот имаше низа пропусти од организациски аспект,а заврши со силеџиското однесување и физички напад од страна на претставникот на КК Пелистер,Марјан Илиевски на првиот тренер на КК Кожув.Со купени влезници членовите на управата на КК Кожув се држени на врата 20 мин.,а потоа спроведени во делот каде седи битолската публика.Во 38 мин.од натпреварот кога КК Кожув го превзема водството 77-79 на трибината физички е нападнат член на управата на КК Кожув,а веќе во 39 мин. следува прекин на натпреварот.По завршување на натпреварот претставникот на КК Пелистер, Марјан Илиевски во службените простории физички го нападна тренерот на КК Кожуф.За настанот има пријава во МВР,направен е записник и очекуваме надлежните да постапат согласно законските регулативи.Марјан Илевски Мац е срам за КК Пелистер и Битола,град со долга спортска традиција.Неговото однесување и неговата режија нема да ги наруши пријателските односи со КК Пелистер кои се од 2010 год., периодот когаКК Пелистер остана без главниот спонзор.На крајот, сакаме да им ја честитаме победата на играчите на КК Пелистер и им посакуваме успешна сезона.Благодарност до судиската тројка за фер и коректното судење на натпреварот КК Пелистер – КК Кожув
Со почит Кк Кожув Гевгелија“, стои во соопштението на КК Кожув.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА