Швајцарија во шок: Фудбалер на 22 години се пензионираше поради религија

Швајцарската фудбалска јавност е шокирана од одлуката на младиот фудбалер Силван Валнер кој на 22-годишна возраст ја прекина својата кариера и тоа поради религиски причини.

Валнер е член на Христијанската адвентистичка црква која забранува работа во сабота па Валнер не е во можност ниту да игра натпревари, ниту да тренира.

Младиот стопер беше член на австрискиот прволигаш Влау-Ваис, а беше дел и од младинската репрезентација на Швајцарија за фудбалери до 21 година забележувајќи три настапи.

Се вчитува...