Асвел што поскоро сака да го заборави натпреварот против Фенербахче во Евролигата бидејќи не само што претрпе пораз во драматична завршница туку остана и без услугите на тројца кошаркари.
Еден од најдобрите кошаркари на тимот Нил Секо имаше лош доскок пред самиот крај на втората четвртина по што мораше да го напушти теренот и не се врати во игра. Сличен е и случајот со Мелвин Ајинка кој во обид да фати скок во нападот заработи повреда на десниот зглоб и не се врати во игра.
Повреда заработи и капитенот Шарл Кахуди кој ја помина последната четвртина со лед на својата нога. ТВ камерите не го уловија точниот момент кога тој заработи повреда, но очекувањата се дека и тој нема да може да му помогне на својот тим во блиска иднина.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА