Французите подготвуваат „бунт“ против Дешамп, сакаат Зидан да ја води репрезентацијата

Француските фудбалери подготвуваат бунт против актуелниот селектор Дидие Дешамп. Ова го известуваат француските медиуми повикувајќи се на познатиот новинар Ромен Молина.

Дешамп е веќе 12 години на чело на националниот тим, и ја освои светската титула во 2018 година. Сепак, играчите веќе не го сакаат на чело на репрезентацијата, со оглед на последните случувања со Мбапе. Претходно Дешамп често го отпишуваше и Бензема.

Наводно играчите имаат желба легендарниот Зинедин Зидан да биде на чело на репрезентацијата. Меѓутоа веројатно Дешамп ќе ја води селекцијата на идниот Мундијал, а потоа ќе може да му го отстапи местото на популарниот Зи-Зу.

Се вчитува...