Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола важи за харизматична личност која постојно им пружа внимание и на медиумите, но овој пат на пресконференцијата пред средбата против Брајтон тоа не беше случајот.
Манчестер Сити е во серија од три последователни порази, а можби и односот на тренерот наговестува нетрпение и во соблекувалната, велат англиските медиуми по пресконференцијата на која тој доцнеше 30 минути, а ја заврши за нешто повеќе од три минути.
Првото прашање кое го доби Шпанецот и го наметна тонот на пресконференцијата. Тој беше запрашан дали за време на репрезентативната пауза ќе замине во Абу Даби на преговори за пролжување на соработката, на што следеше брз одговор „не“.
Гвардиола додаде дека научени се грешките од претходните три натпревари и тимот цели кон враќање на победите против Брајтон. Овој натпревар ќе биде одигран денеска со почеток од 18 часот и 30 минути.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА