Српскиот центар на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ со нов трипл-дабл учиник го предводеше својот клуб до триумф и над Мајами во НБА лигата.
За Јокиќ тоа е петти трипл-дабл во сезоната, 135-ти во кариерата со што сега само три го делат од третото место на вечната листа на која се наоѓа Меџик Џонсон. Сепак како што вели самиот тој, статистиката не е нешто на што посветува големо внимание.
„Ја гледам, но не размислувам на статистиката. Поготово сред натпревар, тоа не е нормално, барем за мене. На крајот на натпреварот ценам кога имам добра вечер, ценам и како одиграв денеска. Имав слаб прв натпревар, мислам дека не одиграв како што треба против Оклахома. Лесно е да бидеш генерал после битка, но не размислувам за обидите кои ги промашив“, вели Јокиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА