Пикфорд го спаси Евертон, голеада во Брентфорд, три бода и за Фулам

Вест Хем Јунајтед и Евертон ремизираа без голови во 11. коло од Премиерлигата, а најзаслужен за тоа е голманот на гостите, Џордан Пикфорд кој имаше фантастичен настап во Лондон чувајќи ја својата мрежа недопрена.

Во источен Лондон мрежите мируваа, но не и во западен каде Брентфорд и Борнмут одиграа натпревар во кој беа постигнати пет голови. Трите бода останаа на „Комунити“ стадионот по победа 3-2.

Фулам влезе во победничка низа откако славеше на соседското гостување кај Кристал Палас со 0-2, додека до три бода стигна и Вулверхемптон со триумф од 2-0 над Саутемптон.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...