Скандал во Купот на Македонија: Ракометарки си постигнуваа автоголови (ВИДЕО)

Натпреварот помеѓу Скопје и Гевгелија во Купот на Македонија во женска конкуренција го одбележа скандалозна и досега ретко видена сцена во македонскиот спорт.

Имено, во последните пет минути од средбата двете екипи си постигнуваа автоголови и намерно не постигнуваа голови во противничката мрежа.

Зачудени од скандалозното однесување кое треба да биде пример како не треба да се однесуваат спортисти беа и судиите кои прво го прекинаа натпреварот, но потоа дозволија истиот да продолжи.

На крајот на средбата на семафорот стоеше резултат 16-17 за гостинската екипа.

Се вчитува...