Гвардиола: Четири порази во низа, се е во ред

Пеп Гвардиола не сакаше да делува премногу загрижено по поразот на Манчестер Сити од Брајтон во Премиерлигата со 2-1. Гвардиола никогаш не загубил четири натпревари по ред, но по мечот изјави дека се е во ред и нема потреба за загриженост.

„Четири порази? Се е во ред. Два од нив се во лигата. Ништо не е изгубено. Сега има репрезентативна пауза. Ќе се прегрупираме и се надеваме дека ќе одиме во победничка серија. Само ноември е, има време“, изјави тренерот на Манчестер Сити.

Сити заостанува пет бода зад лидерот Ливерпул во Премиер-лигата, а по репрезентативната пауза тимот на Гвардиола го очекуваат дуели со Тотенхем и Ливерпул, во обид да се најде излез од резултатската криза.

Се вчитува...