Бруно Фернандеш со гол на големиот јубилеј за Манчестер Јунајтед (видео)

Бруно Фернандеш денеска слави фантастичен јубилеј, дуелот со Лестер е вкупно 250. меч што португалскиот плејмејкер го игра во ресот на Манчестер Јунајтед по трансферот од Спортинг Лисабон во 2020 година.

Португалецот пред мечот доби пригоден подарок од ко-сопственикот Сер Џим Ректлиф, беше поздравен со овации од публиката, а Бруно возврати на вистински начин, со еврогол од дваесетина метри за водство од 1-0.

Интересно, Фернандеш веќе има четири гола на четирите натпревари под водство на Руд ван Нистелрој, откако немаше ниту еден гол сезонава под водство на Ерик тен Хаг.

Се вчитува...