Бешикташ и Макаби Тел Авив ќе играат во Унгарија

Натпреварот од петтото коло во Лига Европа меѓу Бешикташ и Макаби од Тел Авив, кој требаше да се одигра во Истанбул на 28. ноември, е преместен во Дебрецен, соопшти УЕФА.

Натпреварот ќе се игра зад затворени врати, по одлука на локалните унгарски власти. Турските медиуми јавуваат дека најпрвин бил постигнат договор со локалните власти гледачи да можат да присуствуваат на натпреварот, но унгарските власти потоа решиле натпреварот да се игра без публика по немилите сцени во Амстердам по натпреварот меѓу Ајакс и Макаби.

Средбата меѓу двата клуба се смета за меч од висок ризик, бидејќи турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ги зголеми вербалните напади врз израелските лидери од почетокот на војната во Газа.

Големи антиизраелски протести, поттикнати од турската влада, се одржуваат низ целата земја повеќе од една година, а во октомври 2023 година Израел побара од своите граѓани и дипломати да ја напуштат Турција како безбедносна мерка.

Се вчитува...