И двоец на Арсенал поради „повреда“ ќе ги пропушти настапите во Лигата на нации

Продолжуваат откажувањето на голем број на фудбалери за репрезентативниот собир во ноември кој е последен во 2024 година. Букајо Сака и Деклан Рајс нема да можат да и помогнат на Англија во Лигата на нации.

Двоецот на Арсенал заработи повреди и ќе ги пропушти претстојните натпревари против Грција и Република Ирска. Двајцата мораа да го напуштат теренот рано на дербито со Челси, Рајс се мачеше со скршеница на палецот, додека Сака претрпе незгоден удар во ногата.

Вршителот на должноста тренер Ли Карсли ќе има сериозни проблеми со тимот бидејќи нема да може да смета ниту на Кол Палмер од Челси. Покрај тоа, веќе е познато дека нема да може да смета на Леви Колвил, Трент Александер-Арнолд, Фил Фоден, Џек Грилиш и Арон Рамсдејл.

Се вчитува...