Тен Хаг ја презема клупата на Рома?

Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ерик тен Хаг, би можел да ја преземе тренерската функција во Рома.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, сопствениците на Рома планираат да именуваат странски тренер за наследник на отпуштениот Иван Јуриќ.

Во преден план е Холанѓанецот, иако во Рома се свесни дека проблем ќе биде високата плата која ја бара Тен Хаг. Се ќе биде познато до крајот на оваа недела.

Инаку, спортскиот директор Флоран Гисолфи инсистира на враќање на Даниеле де Роси, но сопствениците на клубот не се согласни со таа опција.

Се вчитува...