Жељко Обрадовиќ пред натпреварот на Партизан со Барселона во Белград, во 9. коло од Евролигата, вели дека не е некој проблем за тимот што постојано губи во најквалитетното европско клупско натпреварување затоа што играчите се свесни за сето тоа.
Тој верува дека ќе следи сосема поразличен период за црно-белите…
„Поразите не се некој проблем. Не се проблем затоа што играчите се свесни за тоа. Токму затоа денеска имавме, да не претерам, еден коректен тренинг, со оглед на условите тука во Арената. Свесни сме дека можевме да добиеме некои натпревари, кои ни зависеа само од една топка. Работиме на тие детали и се надеваме дека ќе биде поразлично низ следниот период. Единствен меч кој не го одигравме како што треба е оној во Истанбул. Се останато беше добро, борбеност и желба максимални и моја желба е така и да се продолжи“ – вели Обрадовиќ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА