И десниот бек на македонскиот шампион Струга ТЛ, Бојан Илиевски доби повик за настап во најдобрата македонска репрезентација за последните два натпревари од Лигата на нациите против Летонија (14. ноември) и против Фарските острови (17. ноември) во Скопје.
За 25-годишниот Илиевски ова е втор повик во националниот дрес откако претходно има веќе еден настап, исто така под палката на Благоја Милевски.
Од првично повиканите, пак, и дефинитивно поради повреда отпаѓа фудбалерот на шкотски Данди јунајтед, Кристијан Трапановски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА