Португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш, го одигра најдобриот натпревар за Манчестер Јунајтед оваа сезона. Погоди и асистираше за победата од 3-0.
По натпреварот, Португалецот се качи во авион да оди во Лисабон за да се приклучи на репрезентацијата, и излезе херој. Фернандеш летал за Лисабон заедно со Далот, и за време на летот забележал човек во задниот дел на авионот како паѓа во бесознание.
„Слушнав како некој вика за помош. Тоа беше Бруно Фернандеш. Екипажот истрча да помогне. Едно место беше празно, па Бруно му помогна да се пресели господинот на тоа место“, изјавил сведокот Сузана Лосон која била на истиот лет и додаде:
„Тој остана со човекот и со екипажот на авионот за да се увери дека со човекот се е во ред. Потоа се врати на своето место, но на многу суптилен начин. Воопшто не бараше внимание“, рече Сузана.
„Дури му побарав селфи на излегување, и тој прифати. Го пофалив што се погрижи за патникот“, рече таа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА