ЕКИПА во Сомбор,
Стеван Цаневски
Екипата на Пелистер го претрпе третиот пораз во четвртото коло од АБА2 лигата откако загуби на гостувањето против Џокер со резултат 93-84. Повторно тренерот Петровиќ и неговите избраници имаат за што да жалат, ако се зна дека три четвртини беа не само достоен, туку и подобар ривал од српскиот тим, но тоа малку вреди поради кататрофалната трета четвртина што македонскиот тим ја загуби со убедливи 27-9, што на крајот го чинеше пораз.
Пелистер тргна одлично во нападот, пред се благодарение на извонредниот Антоан, кој за седум минути стигна до осум поени без промашување, а значителна помош доби и од Мишковиќ и од Стајиќ. „Пелистерци“ во неколку наврати имаа седум поени предност, но Џокер умешно се враќаше, пред се со успешни напади во рекетот на македонскиот вицепрвак. Првата четвртина заврши со предност на Пелистер од 26-30, избраниците на Петровиќ благодарение на фантастичниот напад одржуваа позитива, но домаќините не дозволија таа да се искачи над шест поени (33-39). Џокер се врати, за момент го презеде водството, но Антоан и Мишковиќ со поени во завршницата се погрижија Пелистер на одмор да замине со предност од 49-53.
Почетокот на второто полувреме се покажа кобен за „пелистерци“, кои за неколку минути го загубија мечот. Антоан за две минути направи две, за вкупно четири лични грешки, по што домаќините набрина дојдоа до предност од двоцифрени 66-56. Инсистирањето на шутеви од далечина се покажа како погрешен потег, шутот веќе не служеше како во првото полувреме, во одбраната до четири лични грешки стигна и Лука Стојановски, па „зелено-белите“ со скратена ротација не можеа да се вратат во мечот. Третата четвртина заврши со 76-62, но македонскиот првак не се откажа, успевајќи да намали на 83-78 на нешто повеќе од четири минути до крајот, принудувајќи го домашниот тренер на тајмаут. Таа минута одмор повторно го сврте мечотво корист на домашниот тим, кој ја врати двоцифрената позитива (88-78) и на крајот славеше со конечни 93-84.
Антоан беше најефикасен кај Пелистер со 18 поени, Мишковиќ постигна 17 поени, но со шут за тројка 1/11, додека Александар Костоски го заврши мечот со 16 поени.
Среќата им го сврте грбот на битолчани кога беше најважно, обидите за тројка на Костоски и на Мишковиќ излегоа од обрачот
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА