Рома е без тренер откако беше отпуштен Иван Јуриќ. Има многу кандидати кои би можеле да седнат на клупата на „волчицата“, но сега е еден помалку.
Един Терзиќ, екс тренерот на Борусија Дортмунд со кој стигна до финалето во Лигата на шампионите, отпатувал во Англија, каде што се подготвува да преземе еден од Премиерлигашите.
Засега не е познато со кого ќе преговара Терзиќ, но се шпекулира дека тоа би можел да биде еден од Евертон или Нотингем Форест.
Терзиќ беше поврзуван и со клупата на Манчестер Јунајтед, која на крајот му припадна на Рубен Аморим.
Како кандидати на Рома се најавуваат Винченцо Монтела, Ерик тен Хаг и Масимилијано Алегри.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА