Кошаркарите на Црвена Звезда дојдоа до петтиот триумф сезонава, откако на гости триумфираше кај Монако со 90-98, кој го запиша четвртиот пораз во Евролигата.
Во првиот период, двата тима се менуваа во водството, за потоа Монако да ја преземе иницијативата, па во три навради домашните кошаркари имаа предност и од осум поени разлика.
Клучниот период беше третиот, каде што белградските „црвено-бели“ направија пресврт, и предноста ја држеа до крајот на мечот.
Монако немаше решение за Филип Петрушев, кој постигна 25 поени. Џејмс и Окобо кај Монако беа најефикасни со 20 поени.
Фенербахче го совлада тимот на Баерн Минхен на домашен терен. Турскиот тим одигра бледо во првиот дел, и му дозволи на противникот да дојде до +8 после првата четвртина. Но, во втората веднаш одговори со предност на полувремето. Во вториот дел Фенербахче само ја зголеми предноста за на крај триумф од 87-76.
Хајс кај Фенербахче постигна 25 поени, додека Едвардс кај гостите со 24 беше најефикасен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА