Тренерот на Димитријевиќ славеше победа, потоа погледна во семафорот… (ВИДЕО)

Олимпија Милано и Нено Димитријевиќ синоќа го доживеаја еден од најшокантните порази во Евролигата. Загубија од десеткуватана Алба Берлин, која до пред тој меч беше на последното место на табелата со само една победа.

Но, целата италијанска јавност реагира на потегот на искусниот италијански стручњак Еторе Месина. Месина откако Алба го промаши последниот напад за победа, веќе славеше, дури тргна да се поздравува со противничкиот тренер, но потоа кога погледна во семафорот виде дека неговиот тим избори само продолженија.

Во продолженијата кошаркарите на Алба беа поконцетрирани и на крајот дојдоа до втората победа во Евролигата.

Се вчитува...