Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид, Начо, истакна дека нема сомнеж кој заслужува да ја освои Златната топка оваа сезона. Според него, тоа е неговиот доскорашен соиграч Винициус, иако призна дека му честитал на Родри за освоеното признание.
Начо сега игра во Саудиска Арабија, откако минатото лето го напушти Реал и се пресели во Ал-Кадсиах.
„Немам сомнежи, јас би му ја доделил Златната топка на Винициус“, рече Начо и додаде:
„Го респектирам Родри, му испратив порака и му честитав, многу сум среќен за него, но за мене Винициус е најдобриот на светот“, рече Начо.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА