Рангник заминува од Австрија поради конфликт со претседателот на федерацијата?

Во пресрет на натпреварот со Казахстан, во репрезентацијата на Австрија има големо незадоволство околу селекторот Ралф Рангник.

Борби за моќ, отворено писмо, кризни состаноци на врвот – се вклучи дури и легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус. Сега работите се толку невобичаени што се поставува знак прашалник за иднината на германскиот селектор на клупата на Австрија.

„Рангник придонесе многу за австриската репрезентацијата, и успесите се благодарение на него. Ако имате таков експерт, се чини дека ќе треба да го задржите“, рече Матеус.

Меѓутоа не е се така „розово“ во федерацијата. Наводно Рангник има несогласувања со претседателот на федерацијата Клаус Митердорфер околу неговиот актуелен договор. Според австриските медиуми, еден од нив двајца ќе мора брзо да си замине, а тешко дека тоа ќе биде Митердофер.

Рангник наводно замерува тоа што сака да биде поврзан со сите работи, како за инфраструктурата и работата со младите таленти и тренери. Неговото заминување се темели на тоа дека му била намалена моќта.

Играчите засега го поддржуваат Рангник, но прашање е колку тоа ќе му помогне на некогашниот тренер на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...