Европскиот првак „удри“ по судиите: Играме пет на осум

Кендрик Нан уште еднаш блесна во победата на Панатинаикос против Макаби со 93:87, но по мечот беше лут. Постигна 21 поен, меѓутоа веднаш по натпреварот имаше што да им каже на судиите. 

Нан рече дека се чувствувал како противникот да играл со тројца играчи повеќе на теренот.

„Не сум задоволен од судењето. Игравме пет на осум“, рече Американецот и додаде:

„Се боревме, секој си ја заврши својата работа. Решавачки фактор беше тоа што имавме неколку добри одбрани, и тоа ни донесе победа“, истакна Нан.

Се вчитува...