Францускиот фудбалер Килијан Мбапе се мачи откако пристигна во Реал Мадрид ова лето и не е ни приближно во иста форма како во ПСЖ . Затоа е на удар на многу критичари, а сега угледниот француски весник „Л’Екип“ објави можна причина, а тоа се сериозните проблеми кои ги има надвор од теренот.
Имено, Французите пишуваат дека Мбапе има психички проблеми. Повикувајќи се на извор близок до фудбалерот, тие тврдат дека Килијан во последните неколку месеци страда од тешка депресија .
„Л’Екип“ открива и дека Мбапе моментално работи со специјалисти на неговото опоравување за да се врати во старата форма.
Сезонава постигна осум гола на 16 натпревари за Реал, но само еден од нив во последните седум. Од осум гола, четири постигна од пенали.
Мбапе не беше земен во француската репрезентација од страна на селекторот Дидие Дешамп за натпреварите во Лигата на Нации.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА