Пешиќ ја одбил Барселона за да остане во Србија

Светислав Пешиќ, селекторот на Србија, изјави дека имал понуда да се врати во Барселона, но дека ја одбил заради функцијата на чело на српската репрезентација. 

Србинот беше во Барселона во два наврати, а во 2003 година ја освои европската титула. Информацијата ја откри самиот Пешиќ, кој го следеше мечот Барселона – Црвена Звезда.
„Мојата ќерка работи во Барселона, така што мојот однос со овој клуб никогаш не бил прекинат. Сакам да бидам таму и среќен сум кога ќе слушнам добро за Барселона. Планирав да одам таму, но потоа дојде репрезентацијата и откажав“, изјави Пешиќ.

Се вчитува...