Во јануари на програмата е Супер-купот на Шпанија, домаќин повторно е Џеда, а учествуваат четирите најдобри екипи од минатата сезона.
Како што е познато, во новиот формат на Супер-купот веќе пет години учествуваат двете најдобри екипи од Ла Лига и финалистите на Купот на кралот, и тоа – Реал Мадрид, Барселона, односно Мајорка и Атлетик Билбао.
Денеска беше потврдено дека има промена на термините, двата полуфинални натпревари закажани за 8 и 9 јануари. Први на терен ќе излезат Барселона и Атлетик Билбао (8 јануари), а ден подоцна следуваат Реал Мадрид и Мајорка.
Финалето е закажано за 12 јануари. Да потсетиме, Барса и Реал се сретнаа во последните две финалиња, Каталонците победија во 2023 година со резултат 3:1, а тимот од Мадрид во јануари 2024 година со резултат 4:1.
Откако игра во овој формат со по четири учесници, Реал Мадрид има три трофеи, Атлетик Билбао и Барселона по еден.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА