Талент на Реал Мадрид се откажа од фудбалот на 19 години

Марк Кукалон, надежниот играч за врска на Реал Мадрид, ја доживеа горчливата страна на фудбалот. Имено, тој на 6 септември 2022 година заработи тешка повреда на коленото поради која на само 20 години, 796 дена подоцна конечно мораше да ги закачи копачките.

Кукалон, кој во Реал пристигна од Сарагоса во 2017 година, ги помина сите младински селекции на овој клуб, но низа несреќни околности го спречија да го реализира целиот потенцијал.

„Не знаев како да го започнам ова писмо, ќе почнам со тоа што ќе им се заблагодарам на сите од се срце. За сета поддршка што ми ја дававте цело ова време. Пристигнав во младинската академија на Реал Мадрид летото на 2016 година како дете со ранец полн со соништа и бев многу, многу среќен“, го започнува своето писмо Кукалон.

„Вистината е дека мојот живот целосно се промени на 6 септември 2022 година, кога сериозно се повредив на натпревар од младинската лига“, рече тој.

Тешкиот старт на противнички дефанзивец предизвика тој да ги скине вкрстените лигаменти на коленото. Тој заработи нова повреда во август 2023 година, која го оддалечи од терените девет месеци.

„Проклети бактерии влегоа за време на операцијата и никогаш не излегоа. Оваа бактерија влијаеше на ‘рскавицата на зглобот и ја предизвика страшната инфекција.

„Оваа повреда ме принуди да му кажам збоум на фудбалот. Се обидов во последните две години да се борам со повредата, но не успеав да се опоравам, не ме сфаќајте погрешно, ова воопшто не е тажно збогување. На крајот на денот, мислам дека бев навистина привилегиран да бидам дел од најдобриот клуб во светот и да го живеам сонот. Научив и созреав како личност и како играч. Фудбалот ме научи во секоја победа во поразот : секогаш сакаш да се бориш и ги совладуваш пречките. Им благодарам на моите пријатели кои никогаш не ме изневеруваа“, напиша Кукалон.

Се вчитува...