Одличен успех на младинската карате репрезентација на Македонија на 24. Балканско првенство за кадети, јуниори и помлади сениори У21, кое се одржа изминатиот викенд во Сараево, БиХ.
Македонската селекција се закити со вкупно 18 медали, од кои четири златни, четири сребрени и 10 бронзени.
Златни медали:
1. Душица Бреслиева кадети, кумите женски -54кг;
2. Андреј Стојчевски кадети, кумите машки -61кг;
3. Матеј Белистојаноски У21, кумите машки -67кг и
4. Љупче Михајлов У21, кумите машки -75кг.
Сребрени медали:
1. Дамјан Митревски кадети, кумите машки -52кг;
2. Јован Врклевски кадети, кумите машки -57кг;
3. Филип Стојанов јуниори, кумите машки +76кг и
4. Данка Стојкова јуниори, ката женски
Бронзени медали:
1. Илијана Серафимова јуниори, кумите женски -53кг;
2. Кенза Фетаи јуниори, кумите женски -59кг;
3. Мила Панчева У21, кумите женски -55кг;
4. Јована Мицовска У21, кумите женски -61кг;
5. Недим Шаќири У21, кумите машки -60кг;
6. Данило Божовиќ У21, кумите машки -84кг и
7. Стефан Стојановиќ У21, кумите машки -84кг.
На последниот ден од првенство во екипните настапи, натпреварувачите во борби и кати освоија уште три бронзени одличја и тоа со јуниорскиот кумите тим во машка конкуренција, У-21 кумите тим машки како и кадетско-јуниорски ката тим машки.
На првенството одлични борби со освоено 5. место имаа и:
1. Џем Пашов кадети кумите машки -63кг;
2. Јована Манчевска во ката женски У21 и
3. Женскиот кадетски тим во состав:
– Душица Бреслиева;
– Мила Штериева и
– Анастасија Смилевска и
– Јана Тануровска
Во генералниот пласман, македонската репрезентација го освои високото четврто место од вкупно 11 држави.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА