Македонската сениорска машка репрезентација има уште една шанса да напише уште една страница од историската книга на успеси, пред себе ќе го има својот добро познат ривал, некогашниот организатор на Евробаскетот во 2011 година, и поранешен европски шампион.
На 21. ноември, од 18часот, во салата на СРЦ „Кале“ во Скопје, Македонија ја пречекува селекцијата на Литванија, во третото коло од групата „Х“ од квалификациите за Евробаскетот 2025.
Продажбата на билетите за овој кошаркарски спектакл, кои се по симболична, и достапна цена за сите љубители на кошаркарскиот спорт, ќе се одвива преку онлајн сервисот на „МКТикетс“.
Цената на билетите за мечот меѓу Македонија и Литванија изнесува 300 денари и може да се купат на следниот ЛИНК.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА