Алкараз го совлада Рубљов на завршниот турнир во Торино

Еден од најдобрите тенисер на денешницата, Карлос Алкараз ја забележа првата победа на АТП завршниот турнир кој се игра во Торино. По воведниот пораз од Каспер Руд, Алкараз успеа да ги задржи шансите за пласман во полуфиналето.

Шпанецот во второто коло славеше над Русинот, Андреј Рубљов со максимални 2-0, по сетови 6-3 и 7-6.

Во вториот меч од оваа група вечерва ќе се сретнат Германецот, Александер Зверев и Норвежанецот, Каспер Руд, двајцата тенисери кои веќе имаат по една победа во сегментот.

Се вчитува...