Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен ќе ја пречека Летонија во натпревар од 5. коло од Ц лигата од новата сезона во најмладото репрезентативно европско натпреварување, Лигата на нации.
Голманот на фудбалската репрезентација на Македонија, Столе Димитриевски на официјалната прес-конференција даде свое мислење за утрешниот меч кој е со почеток во 20.45 часот.
„Не чувствуваме притисок. На секој меч се борам да не примам гол. Најважно е да победиме и да останеме на првото место. Тоа беше нашата цел и пред оваа Лига нации, тоа е нашата цел и за овие два последни натпревари“, изјави Димитриевски.
Димитриевски веќе 351 минута е без примен гол како чувар на мрежата на Македонија, што е апсолутен рекорд досега во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА