Kaпитенот Барди неизвесен за мечот против Летонија

Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен ќе ја пречека Летонија во натпревар од 5. коло од Ц лигата од новата сезона во најмладото репрезентативно европско натпреварување, Лигата на нации.

На официјалната прес-конференција селекторот Боби Милевски изјави дека неизвесен за утрешниот меч е капитенот Енис Барди кој има проблем со вирус.

„Поради вирус Барди ќе биде неизвесен за утрешниот меч. Тој одамна има проблем со гласните жици и до утре нема да знаеме дали ќе може да настапи. Имаме уште неколку фудбалери кои се под знак прашалник, но ќе знаеме повеќе по денешниот тренинг“, изјави Милевски. 

Се вчитува...