Тренерот на Сан Антонио Спурс, Грег Попович доживеа „благ мозочен удар“ на 2. ноември, потврди НБА франшизата.
Попович е на кормилото на Спурс од 1996 година, а во претходниот период не го водеше тимот поради „недефиниран здравствен проблем“.
„Попович доживеа мозочен удар на 2. ноември. Тој веќе го започна процесот на рехабилитација и се очекува целосно да закрепне. Франшизата е благодарна на заедницата што на семејството Попович му обезбеди приватност и простор во оваа ситуација“, стои во соопштението на Спурс.
Помошникот Мич Џонсон ќе го замени Попович како главен тренер. „Тренерот Поп“ отсуствуваше на претходните шест натпревари, а така ќе остане и во следниот период.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА