Партизан се врати од „минус 23“, но сепак загуби од Барселона

Кошаркарите на Партизан забележаа нов пораз во Евролигата откако вечерва во драматичен меч загубија на домашен терен од Барселона со 79-87.

Домаќините подобро го отворија натпреварот и по првата четвртина имаа позитива од четири поени 23-19. Барселона одигра неверојатно во втората четвртина па на пауза замина со голема позитива од 35-49.

Во третиот период Каталонците во еден момент имаа и плус 23 (40-63), по што почна кам-бекот на домашниот тим. Партизан одигра неверојатно во следниот период па на една минута до крајот успеа да стигне до само минус еден (79-80). Следуваше тројка на Алекс Абринес за (79-83), по која Обрадовиќ мораше да го побара својот последен тајм-аут. И повторно во неизвесна завршница Ниликина промаши отворен шут за три, по што Барселона успеа да стигне до конечен триумф од 79-87.

Џабари Паркер со 17 поени беше прво име во таборот на победникот, додека кај поразените со ист број поени заврши Карлик Џоунс.

Се вчитува...