Капитенот тренираше, фудбалерите го почувствуваа теренот на „Тодор Проески“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Фудбалската репрезентација на Македонија утре на домашен терен ќе ја пречека Летонија во натпревар од 5. коло од Ц лигата од новата сезона во најмладото репрезентативно европско натпреварување, Лигата на нации.

Нашите репрезентативци во добра атмосфера вечерва го имаа официјалниот тренинг на арената „Тодор Проески“. Иако е присутен тука поради повредата на глуждот кој го заработи на мечот со Летонија, Висар Муслиу само им даде поддршка на своите соиграчи на денешниот тренинг. Добра информација е што денешниот тренинг го одработи капитенот Енис Барди.

Натпреварот меѓу Македонија и Летонија кој ќе се игра на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

 

Се вчитува...