Префектот на париската полиција Лоран Нуњез неодамна изјави дека повеќе од 4.000 полицајци и жандарми ќе бидат распоредени на натпреварот од висок ризик меѓу Франција и Израел, кој е закажан за четврток во 20:45 часот.
Натпреварот Франција – Израел, во Лигата на нации, ќе се игра во „тешки услови“, изјави селекторот на француската репрезентација Дидие Дешам, во пресрет на натпреварот на кој ќе бидат преземени вонредни безбедносни мерки поради воениот конфликт на Блискиот Исток, кој може да се прелее во четврток и на улиците на Париз, исто како неодамна во Амстердам.
„Се обидовме максимално нормално да се подготвиме за овој натпревар, но очигледно е дека никој во целиот француски тим не може да биде бесчувствителен на контекстот на целата ситуација, што е тешко“, изјави Дешамп.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА