Финалето на Били Џин Кинг купот во Малага, кое требаше да започне денеска, беше одложено откако шпанските власти издадоа црвен метеоролошки аларм за екстремен дожд и поплави во делови од земјата, соопшти Меѓународната тениска федерација.
Две недели по најлошите поплави во модерната историја на Шпанија, во кои загинаа повеќе од 200 луѓе, илјадници се евакуирани во јужниот дел на Шпанија во регионот Коста дел Сол, бидејќи новиот временски фронт се очекува да донесе силен дожд и ниски температури.
„Поради предупредувањата за тешки временски услови издадени од локалните и регионалните власти, одложен е првиот осминафинален натпревар од финалето на БЏК купот 2024 година меѓу Шпанија и Полска, кој беше закажан за денеска, 13 ноември во 17 часот“, се вели во соопштението на ИТФ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА