Германскиот тенисер Александар Зверев стигна до втората победа во групната фаза на завршниот АТП турнир кој се игра во италијанскиот град, Торино.
Зверев во 2. коло славеше над норвешкиот тенисер, Каспер Руд, со максимални 2-0, по сетови 7-6 и 6-3.
И покрај победата, Зверев теоретски се уште не е пласиран во полуфиналето, каде за да биде и дефинитивно сигурен во последното коло ќе мора да освои барем сет против Карлос Алкараз кој денеска во првиот меч беше подобар со 2-0 против Андреј Рубљов.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА