Хари Кејн, капитенот на репрезентацијата на Англија, рече дека не е среќен поради информацијата дека деветмина репрезентативци не се приклучија во репрезентативниот камп пред натпреварите во Б Лигата на нации против Грција и Р. Ирска.
На средбата на Гордиот Албион ги немаше Деклан Рајс и Букајо Сака од Арсенал, Колвил и Палмер од Челси, Фоден и Грилиш од Манчестер Сити, но и Трент Александер-Арнолд од Ливерпул, Џерет Брентвајт од Евертон и голманот на Саутемптон Арон Рамсдејл. Официјално ги нема поради повреди.
„Сите во тренинг кампот беа возбудени што дојдоа да играат за Англија, тоа е најважно. Мислам дека Англија е над се, над клубот. Репрезентацијата е најважниот тим за кој играте како професионален фудбалер. Претходниот селектор Герет Саутгејт го сфати сериозно и не се плашеше да носи одлуки ако, така да се каже, некои играчи почнаа да забораваат на тоа. Сега… не знам што да кажам, сега е тешка фаза во сезоната и можеби малку ја искористија. Не ми се допаѓа премногу, да бидам целосно искрен“, изјави Кејн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА