Јувентус го потврди кошмарот: Без Кабал до крајот на сезоната

Дефанзивецот на Јувентус, Хуан Кабал ќе биде надвор од терените до крајот на сезоната. Колумбискиот 23-годишен фудбалер ги скина лигаментите за време на тренинг на колумбискиот тренинг камп.

Тој веднаш беше вратен во Торино после повредата, а прегледите кои беа извршени го покажаа најлошото. На Кабал ќе му биде извршена и операција во текот на следните неколку денови.

Јувентус претходно остана и без Бремер, кој исто така ги скина лигаментите. Кабал одигра седум меча во Серија „А“ и на него сериозно сметаше новиот тренер Тиаго Мота во оваа сезона.

Се вчитува...