Селекторот Благоја Милевски го одреди стартниот состав на Македонија за мечот против Летонија во рамките од 5. коло во Лигата на Нации. Со неколку измени од последниот дуел против Ерменија, вечерва нашиот национален тим ќе се спротивстави на Летонците.
Одбраната на Македонија ќе ја сочинуваат Димитриевски како голман, Алиоски како лев бек, Серафимов и Зајков ќе бидат на стоперските позиции, додека на десната страна оди Димоски.
Во средниот ред како последни играчи за врска Енис Барди и Исник Алими, додека понапред оди Елмас како „плејмејкер“. На страничните позиции Чурлинов и Трајковски, додека во нападот стандарно како и на последните неколку меча стартува Бојан Миовски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА