Младата македонска тениска надеж Андреј Темов загуби во вториот меч од групата Е на турнирот за тенисери до 12 години кој се игра во Академијата Рафаел Надал во Мајорка.
Темов загуби од хрватскиот тенисер Лука Митровиќ, во два сета, со 6-1 и 6-4.
Претходно, македонскиот тенисер во првиот меч од групата Е го совлада домашниот тенисер Марк Марко Хуан од Шпанија со 2-0 во сетови (6-1, 6-4).
Нашиот тенисер синоќа имаше настап и во конкуренција на двојки и по голема борба заедно со Адиан Куртцехаиќ од БиХ загубија од Адриан Шеин (Естонија) и Адам Зикмунд (Чешка) во три сета, со 6-4 и 6-3.
На турнирот што се игра во Мајорка во организација на Академијата Рафаел Надал и Тенис Европа, настапуваат по 32 тенисери и тенисерки на возраст до 12 години.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА